Обуки и стручен испит за раководните лица во јавната администрација

30.09.2016 15:44

Од Министерството велат дека административното управување е концепт кој за прв пат се воведува во јавната администрација во Македонија...

Идните раководни лица во јавната администрација од февруари идната година ќе бидат обврзани да посетат 11 обуки и да положат стручен испит. Изготвени се прирачници кои ќе бидат електронски достапни на веб страната на Министерството за информатичко општество и администрација.

Од Министерството велат дека административното управување е концепт кој за прв пат се воведува во јавната администрација во Македонија и кој има за цел да обезбеди нововработените раководни службеници, уште пред да стапат на раководна позиција, да бидат подготвени за управување со проекти и проектно работење.