Медијаторство: Решавање на споровите со помали трошоци
Спорови за имот, за должничко – доверителски односи, за остварување на правата од работен однос. Во последно време, сѐ повеќе се пријавува и мобингот – велат правниците. Граѓаните често се одлучуваат проблемите да ги решаваат на суд. Медијацијата ретко некој ја користи, иако е далеку побрза и поевтина...

Нивите, меѓите, куќите, имотот- судските спорови за сопственоста остануваат вечни за кои ќе се тужат граѓаните. Според искуството на адвокатите, во послеедно време граѓаните сакат да ја истераат правдата најмногу и за налата на долговите, но и за работничките права. Мобингот тешко се докажува, но граѓаните се охрабрени да си го бараат она што им следува за трудот.
Сепак, бројот на судските случаи е намален. Високите трошоци си го прават своето. Но и довербата.
Иако далеку поевтино, сепак медијаторството како спогодбен и вонсудски начин на решавање на случаите се уште е мртво слово на хартија. Желбата за мирно да се решаваат споровите останува.
Адвокатите предвидуваат - во иднина многу судски спорови ќе има за докажување на индустриската сопственост.
Елизабета Митреска
