Ховит: Извештајот на ЕУ за Македонија нема да биде поинаков од претходните

03.10.2016 13:02

За време на престојот во земјава, Ховит освен со политичарите, се сретнал и со невладините организации кои го информирале за идејата за формирање специјален суд во рамките на Кривичниот.

Извештајот на ЕУ за Македонија ќе биде објавен навреме и нема да биде поинаков од претходните, изјави европратеникот Ричард Ховит кој денеска во Скопје се збогува со функцијата известувач за Македонија.

За време на престојот во земјава, Ховит освен со политичарите, се сретнал и со невладините организации кои го информирале за идејата за формирање специјален суд во рамките на Кривичниот.

Ховит повика политичките партии да ја почитуваат работата на СЈО.