Експерти: Потребно е рестартирање на безбедносниот систем
Ресорниот министер Оливер Спасовски, со став, на земјава и е потребен флексибилен, ефикасен, технички и модернизиран концепт на безбедност на институционално ниво...

Сегашниот безбедносен систем на земјава не дава соодветен одговор на загрозувањата. Потребно е негово ресетирање, сметаат експерти од Факултетот за безбедност.
Сите политички двигатели треба да ја напуштат практиката во секоја политичка криза да се инволвира безбедносниот ситем и тој од тие кризи да излегува ранет, понеефикасен, разединет и поделен. Субординација и едностарешинство е клуч во безбедносниот менаџмент, смета Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност.
Ресорниот министер Оливер Спасовски, пак, со став, на земјава и е потребен флексибилен, ефикасен, технички и модернизиран концепт на безбедност на институционално ниво.
Минатата година мигранскиот бран, чие што жариште Блискиот Исток ни малку не дава надеж за скорешно гаснење, како и августовската трагедија во која природата за еден миг одзеде триесетина наши сограѓани, многу сериозно предупредуваат дека немаме право на опуштање или на потпирање на некакви други фактори или видови на помош, истакна Спасовски.
Потребно е, рече тој, изградба на флексибилен, ефикасен, технички модернизиран концепт на безбедност на институционално ниво, способен првенствено за валидно евидентирање, анализа и проценување на заканите, како и на мултиинституционален систем за соодветен одговор кон истите.
