Италија депортира пет македонски државјани обвинети за џихадизам

03.10.2016 16:42

Министерот за внатрешни работи на Италија извести дека ова е резултат на истрага на Фејсбук профил на кој биле постирани голем број видео снимки и документи за поддршка на терористичката ИСИС.

Италија депортира петмина со потекло од Македонија поради загрозување на националната безбедност. Сите се членови на едно семејство. Министерот за внатрешни работи на Италија извести дека ова е резултат на истрага на Фејсбук профил на кој биле постирани голем број видео снимки и документи за поддршка на терористичката ИСИС.

Утврдено е дека сопственик на профилот 28-годишен македонски државјанин кој живеел во Горициа, североисточна Италија. Заедно со него се протерани уште тројца мажи и една жена.

Од јануари лани до сега, Италија протера 121 исламски екстремист како дел од стратегијата за превенција, меѓу кои и 12 имами.