Измените на законите за СЈО и заштита на сведоци на собраниска седница
Во петокот СДСМ побара итна седница и ги достави предлог измените, изработени според предлозите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за продолжување на рокот за подигнување обвинение...

За денеска е закажана собраниска седница на чиј дневен ред се предлог измените на законите за Специјалното јавно обвинителство и за заштитените сведоци, поднесени од пратеничката група на СДСМ. Ова било договорено на вчерашната координација на шефовите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Вељаноски.
Во петокот СДСМ побара итна седница и ги достави предлог измените, изработени според предлозите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за продолжување на рокот за подигнување обвинение, кој сега е ограничен на 18 месеци и допрецизирање на постапката за заштита на сведоците.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека воопшто нема да прифатат разгледување на какво било барање и предлог што е надвор од Законот за Специјалното јавно обвинителство, утврден од четирите партии согласно со договорот од Пржино.
