Продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“

04.10.2016 10:23

Рочиштето што денеска треба да се одржи во просториите на Врховниот суд, поради големиот интерес е отворено за јавноста.

Продолжува судскиот процес против терористите со кои лани во Куманово се справи Министерството за внатрешни работи. Рочиштето што денеска треба да се одржи во просториите на Врховниот суд, поради големиот интерес е отворено за јавноста.

Обвинетите како сведоци ги бараат лидерите на ДУИ и на Достоинство, Али Ахмети и Стојанче Ангелов.

Во ланските вооружени инциденти во т.н. Диво насеље во Куманово, загинаа 8 припадници на полициските единици.

Обвинителниот акт товари 37 лица за тероризам и логистичка поддршка.