Армиските ренџери на подготовки на Криволак

04.10.2016 10:34

Оценувањето ќе се врши од страна на НАТО инструктори според стандардите на борбената способност на Северно-атлантската алијанса.

Припадниците на ренџерската чета од Полкот за специјални операции на армискиот полигон Криволак се подготвуваат за НАТО оценувањето, кое ќе се изврши во текот на неделава за време на вежбата „Македонски блесок“.

Оценувањето ќе се врши од страна на НАТО инструктори според стандардите на борбената способност на Северно-атлантската алијанса.

Припадниците на АРМ во последните подготовки пред оценувањето ги покажуваат вештините и способностите кои потоа ги користат во мировните операции предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската унија.