Земјотрес од 3,1 степен според Рихтер почувствуван во Скопје и околината

04.10.2016 13:28

Епицентарот на земјотресот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје, а во Скопје и околината е почувствуван со интензитет од IV-V според Eвропската макросеизмичка скала.

Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала беше почувствуван попладнево во 12 часот и 52 минути во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет.

Епицентарот на земјотресот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје, а во Скопје и околината е почувствуван со интензитет од IV-V според Eвропската макросеизмичка скала.