Да се доразвие системот за заштита на мигранти
Силувања, жртви на криумчари, без пристап до образование и здравствени услуги. Ова се некои од проблемите со кои се соочуваат мигрантите во Македонија, покажува истражување на невладината „Ла Страда“. Се констира дека системот за социјална заштита во земјава потрфлил во однос на згрижувањето на ранливите групи. Прозваните институции, одбија да ја кажат својата страна на приказната...

За проблемите проговориле стотици бегалци заглавени во нашата држава, но типични примери за пропустите на системот за социјална заштита се 15 годишната Захра од Нигерија, 25 годишната Лејла од Либан и Махмуд, 30 годишен маж од Иран, покажала студијата на невладината „Ла Страда“. Нивните лични приказни за бегството се драматични, единствени и шокантни. Патешествија обременети со злоупотребите од криумчарите дополнително од неможноста на институциите за нивна соодветна заштита. 15 годишната Захра сама патувала и била сексуално злоставувана. Сега е згрижена во сигурна куќа, но нема шанси за регуларно образование.
Според студијата и мажите се изложени на злоупотреби. Махмуд од Иран мака мачел отако бил фатен и употребен за сведок против кирумчарите, по што бил однесен во прифатниот центар во Гази Баба. 25 годишната Лејла со својот син едвај се охрабрила да побара помош откако била сексуално малтретирана. Уште полошо е што во камповите низ земјава бегалците немаат пристап до здравствените услуги
Преставниците на институциите не беа волни да се произнесат за ситуацијата. Пред камерите не добивме став за случувањата.
Угледната „Амнести интернешенел“ во извештајот за состојбата на бегалците во светот посочи дека десет земји кои прифатиле 56 проценти од нив не се членки на ЕУ. Генералниот селкретар Шети повика дека е време одговорните да изнајдат начин како ќе им помогнат на луѓето што од мака ги напушитиле своите домови.
Фиљана Кока
