Прашањето за изборните единици сѐ уште не е решено

04.10.2016 16:16

Како се ближи датумот за распуштање на Собранието, така се стеснува просторот за решение на проблемот со вишокот гласачи во шестата изборна единица. ДУИ достави предлог и чека одговор. СДСМ чека заедничко решение што ќе го понудат двете главни владејачки партии. Од ВМРО- ДПМНЕ тврдат дека за нив е прифатливо секакво решение за шестката...

Политичките партии во работните групи во Парламентот сѐ уште немаат постигнато договор за рекомпонирање на изборните едници кои според Законот треба да бидат на нивото од отстапување плус- минус 5 насто од бројката на гласачиво секоја од нив.

ДУИ достави предлог во Парламентот за измени во неколку единици со што ќе се обезбеди рамноправност на секој глас. За нив можеби е најцелисходно лидерите на политичките партии на средба да се договорат за ова прашање.

Од опозициската СДСМ пак велат дека двете владејачки партии сѐ уште не понудиле заедничко решение за овој проблем. Повторија дека за нив најдобра опција е Македонија да биде една изборна единица.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека за нив ќе биде прифатливо секое решение што ќе го договорат за шестата изборна единица која има значително поголема бројка од законскиот максимум.

Инаку, за ова прашање треба да се постигне договор до распуштањето на Собранието.

 

Игор Панов