Седници на две собраниски комисии

06.10.2016 10:11

На дневен ред на првата е предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, по скратена постапка во второ читање, поднесен од 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за економски прашања.

На дневен ред на првата е предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, по скратена постапка во второ читање, поднесен од  8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе ги разгледаат предложените корекции на Законот за енергетика, по скратена постапка- во второ читање и предлог-законот за корекции на Законот за минерални суровини, по скратена постапка- во второ читање, поднесен од тројца пратеници на Социјалистичката партија.