Полициска акција во приватен универзитет
06.10.2016 10:15
Од Јавното обвинителство информираа дека акцијата се реализирала по наредба на Основен јавен обвинител од Скопје и по налог на судија на претходна постапка, со цел да се собере релевантна документација и предмети што можат да служат како докази во кривична постапка.

МВР вчера спроведе акција на еден приватен универзитет во Скопје и вршеше претреси во просториите.
Од Јавното обвинителство информираа дека акцијата се реализирала по наредба на Основен јавен обвинител од Скопје и по налог на судија на претходна постапка, со цел да се собере релевантна документација и предмети што можат да служат како докази во кривична постапка.
Од Обвинителството, во интерес на истрагата не соопштуваат повеќе детали.
