Протест на невладини организации за зголемување на буџетот за превенција на ХИВ
06.10.2016 12:39
Бараат во Националната програма за ХИВ за 2017 година да се предвидат најмалку 65 милиони денари.

Невладините организации кои спроведуваат активностиза превенција и рано откривање на ХИВ/СИДА протестираа пред Собранието. Бараат во Националната програма за ХИВ за 2017 година да се предвидат најмалку 65 милиони денари.
Велат дека само со 27 милиони денари колку што за идната година се предвидени во буџетот само ќе се зголеми бројката на новозаболени лица од оваа глобална епидемија.
Пратениците од СДСМ даваат поддршка на предлозите на граѓанските активности и велат дека поднеле и амандмани на новиот буџет за зголемување на парите за оваа намена.
