Прекинато рочиштето за „Диво насеље“
06.10.2016 12:45
еше дадена пауза до 13 часот, а продолжението на денешното рочиште на кое се очекуваше изведување на материјалните докази на обвинителството е неизвесно.

Денешното рочиште за случајот „Диво насеље“ е прекинато откако еден од обвинетите се пожалил на повреда по што била повикана екипа на итна помош. Беше дадена пауза до 13 часот, а продолжението на денешното рочиште на кое се очекуваше изведување на материјалните докази на обвинителството е неизвесно.
Во ланските вооружени инциденти во т.н. Диво насеље во Куманово, загинаа 8 припадници на полициските единици. Обвинителниот акт товари 37 лица за тероризам и логистичка поддршка.
