Акција на универзитетот МИТ, студентите повикани на настава
Од Јавното обвинителство информираа дека акцијата продолжува и се реализирала по наредба на основен јавен обвинител од Скопје и по налог на судија на претходна постапка за прибирање релевантна документација и предмети кои можат да служат како докази во кривична постапка...

Вчера МВР почна акција во приватниот универзитет МИТ во Скопје и вршеше претреси во просториите. Од Јавното обвинителство информираа дека акцијата продолжува и се реализирала по наредба на основен јавен обвинител од Скопје и по налог на судија на претходна постапка за прибирање релевантна документација и предмети кои можат да служат како докази во кривична постапка.
МИТ универзитетот излезе со соопштение во кое се вели- и покрај неописливата тортура што се врши врз универзитетот и вознемирувањето на студентите и наставниот кадар, денеска продолжија редовните наставни активности. Бруцошите ќе следат обука за електронскиот систем која се одвива во објектот Сити Галери на Плоштадот „Македонија“, според претходно закажаните термини, се вели во соопштението на МИТ универзитетот.
