„Транспаренси интернешенел“: Барањата на СЈО се легитимни
06.10.2016 13:36
„Транспаренси интернешнел Македонија“ смета дека предложените измени се од голема важност за борбата против корупцијата која во моментов се случува во земјава...

Невладината „Транспаренси интернешенел“ изразува негодување за неизгласувањето на измените на Законот за заштитени сведоци предложени од Специјалното јавно обвинителство, а за кое се расправаше и гласаше на седницата одржана пред два дена.
„Транспаренси интернешнел Македонија“ смета дека предложените измени се од голема важност за борбата против корупцијата која во моментов се случува во земјава, а соодветната заштита на сведоци е од суштинско значење во водењето истраги во случаи на корупција, се вели во соопштението на „Транспаренси интернешенел“.
