Град Скопје ќе субвенционира купување печки на пелети

06.10.2016 14:00

радот на граѓаните ќе им надомести 70 проценти од вредноста на печката, но не повеќе од 30 илјади денари.

Град Скопје ќе надомести дел од трошоците направени при купување на печки на пелети за затопливање на домовите- градоначалникот на градот ја предложил оваа мерка до Советот на Град Скопје. Градот на граѓаните ќе им надомести 70 проценти од вредноста на печката, но не повеќе од 30 илјади денари.

Мерката, како што кажа градоначлникот Коце Трајановски, не ги опфаќа домаќинствата кои имаат приклучок на градското централно греење.

Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 5.890.000 денари, но не подоцна од 30 ноември годинава, т.е. јавниот повик ќе биде објавен во текот на наредната недела, по објавување на советот во Службен Весник на Република Македонија, а ќе трае до 30 ноември годинава, рече Трајановски.