Отворени денови на ФЗОМ

06.10.2016 14:07

Отворените денови се дел од заложбите за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации за активностите и новините кои Фондот ги воведува.

Сите информации на едно место- Фондот за здравство ги отвори вратите за осигурениците. Проблемите и идеите за подобро функционирање на Фондот ќе можат дирекно да им ги кажат на одговорните лица. Ќе можат и да се информираат за правата во врска со здравственото осигурување.

Отворените денови се дел од заложбите за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации за активностите и новините кои Фондот ги воведува.

Средбите со осигурениците, информира ФЗОМ, се начин да се согледа перцепцијата на осигурениците за нашата работа, но и да добиеме предлози за надминување на „тесните грла“ во работењето.