Донација за АВМУ: Нова опрема за мониторинг на медиумските содржини

07.10.2016 10:33

Со неа се овозможува 24-часовно снимање на програмите емитувани од лиценцираните радио и ТВ станици.

Нова опрема за набљудување на медиумските содржини, донација од Европската унија за Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги. Вредноста на опремата е 800 илјади евра.

Со неа се овозможува 24-часовно снимање на програмите емитувани од лиценцираните радио и ТВ станици.

Донацијата е дел од проектот обезбедување мониторинг на медиумските содржини што го врши надлежната агенција.