Сообраќајот без забрани
07.10.2016 10:42
На неколку патни правци има градежни работи за што се препорачува внимателно возење.

И покрај дождливото време, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани.
На неколку патни правци има градежни работи за што се препорачува внимателно возење. Ова се однесува на делниците Куманово-Миладиновци, Велес-Катланово, Ресен-Буково, Гостивар-Кичево пред преминот Стража, а во тек е и обновувањето на делницата Смоквица-Гевгелија.
Автомото сојузот на Македонија предупредува на местата кадешто се изведуваат градежни работи да се намали брзината.
