Светска премиера на филмот „Џган“ на фестивал во Чикаго
„Џган“ пред американската публика ќе биде прикажан на 20 октомври во 20:45 часот во натпреварувачката селекција на жанровски филмови „After dark“...
Македонскиот филм „Џган“, на англиски јазик „Аmok“, во режија на Вардан Тозија ќе има светска премиера на најстариот американски филмски фестивал во Чикако (Chicago International film festival).
„Џган“ пред американската публика ќе биде прикажан на 20 октомври во 20:45 часот во натпреварувачката селекција на жанровски филмови „After dark“.
Низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – Џган, ова е приказната на филмот.
Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, копродуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network.
