МАНУ одбележува 49 години од основањето

10.10.2016 11:54

По тој повод се одржува научна конференција за состојбите и перспективите во високото образование...

Македонската Академија на науките и уметностите одбележува 49 години од своето основање. По тој повод се одржува научна конференција за состојбите и перспективите во високото образование.

Иако во тешки услови и во година на политичка и општествена криза, МАНУ посветено ќе продолжи да ги следи состојбите и да работи на нивно подобрување со цел да се надмине кризата и да се трасираат нови перспективи на патот кон изградба на демократска Македонија, рече на свеченоста претседателот на МАНУ, Таки Фити.

На свеченоста ќе бидат прогласени и добитниците на меѓународното признание „Блаже Конески“. Добитници се Суад Енѓулу од Република Турција за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската современа книжевност и култура на Балканот и во Република Турција и Душко Новаковиќ од Република Србија за посебен придонес во афирмацијата на македонската книжевност.