Продолжување на кризната состојба на јужната граница до јуни 2017-та година

10.10.2016 12:09

Поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државава, се бара продолжувањето на рокот за справување со кризната состојба, да биде до 30 јуни 2017 година.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност дадоа зелено светло на владината предлог-одлука за уште едно шест месечно продолжување на кризната ситуација на јужната граница.

Поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државава, се бара продолжувањето на рокот за справување со кризната состојба, да биде до 30 јуни 2017 година.

Одлуката треба да биде разгледана и од Собранието. Целта е да се обезбеди и континуитет во вршењето на активностите на Армијата и на полицијата во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

Според последните податоци на Министерството за внатрешни работи, низ Македонија лани и годинава транзитирале над 700 илјади бегалци. Според проценките и предвидувањата на безбедносните служби, не се исклучува можноста за уште помасовен миграциски бран од Блискиот Исток.

Со последната одлука, рокот на траење на кризната ситуација на јужната граница е до 31-ви декември годинава. Првпат беше прогласена на 19-ти август лани, по што претседателот Иванов донесе указ за ангажирање и на Армијата.