Продолжува судскиот процес „Диво насеље“
Откако на претходното рочиште се гледаа видео снимки од обдукцијата на жртвите, на оваа јавна расправа, обвинетите инсистираа да ги гледаат фотографиите направени на местото на истрагата...

Продолжува судскиот процес за терористичкиот инцидент во кумановската Дива населба. Се изведуваат пишаните докази на обвинителство.
Откако на претходното рочиште се гледаа видео снимки од обдукцијата на жртвите, на оваа јавна расправа, обвинетите инсистираа да ги гледаат фотографиите направени на местото на истрагата. На следните рочишта штом се изведат сите докази на обвинителството, одбраната ќе ги повика своите сведоци.
37-мина се обвинети за тероризам и за помагање. На судскиот распит тврдеа дека не се виновни. Во пукотниците на 9 и 10 мај минатата година животот го загубија 8-мина припадници на македонската полиција, а повеќе од 40 беа повредени.
Анита Димитријевска
