Младинската фудбалска репрезентација на прием кај претседателот Иванов

12.10.2016 14:09

„Направивте фудбалско востание и сите нѐ израдувавте, Вие сте симбол за тоа што доаѓа“- со овие зборови претседателот Иванов ги пречека фудбалерите во Вилата Водно.

Историски пласман на македонската младинска фудбалска репрезентација до 21 година на Европското првенство во Полска. Со победата над Шкотска нашите фудбалери го освоија првото место во групата- пред фаворитите Франција и Исланд.

„Направивте фудбалско востание и сите нѐ израдувавте, Вие сте симбол за тоа што доаѓа“- со овие зборови претседателот Иванов ги пречека фудбалерите во Вилата Водно.

Им посака успех и им порача дека целиот македонски народ е со нив. Ден потоа фудбалерите сѐ уште се во неверување по вчерашниот историски успех. Благодарни се за огромната подршка на трибините и од целиот македонски народ.