Нови шест специјалистички ординации склучија договор со ФЗОМ
Како што информира на денешната прес-конференција директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски, три специјалисти кои склучиле договор со ФЗОМ се во Скопје и тоа по еден во општините Аеродром, Бутел и Гази Баба, а останатите тројца во Струмица, Ваташа-Кавадарци и Битола.

За нови шест се зголемува мрежата специјалистички ординации во кои граѓаните ќе добиваат медицински услуги на товар на Фондот. Досега се склучени договори со 173 приватни специјалисти за кои од касата на ФЗОМ годишно се одлеваат 201 милион денари. Според надлежните, зголемувањето на овие приватни здравствени установи ќе ги растерети гужвите во јавното здравство.
Како што информира на денешната прес-конференција директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски, три специјалисти кои склучиле договор со ФЗОМ се во Скопје и тоа по еден во општините Аеродром, Бутел и Гази Баба, а останатите тројца во Струмица, Ваташа-Кавадарци и Битола.
Тие станаа дел од мрежата на здравствени установи, и со тоа ФЗОМ им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот. Ова претставува дополнително зајакнување на специјалистичката здравствена заштита во градовите во внатрешноста, рече Стефановски.
Информира дека новите шест специјалисти кои склучуваат договор со Фондот за здравство ќе почнат со работа од 1 ноември 2016 година. За нив, рече, до крајот на годината за два месеци Фондот ќе исплати 864 илјади денари, односно по 72 илјади денари месечно по специјалист.
