Промовиран прирачник за пристап и комуникација со слепи лица

12.10.2016 15:08

Како да им помогнеме на слепите и слабовиди лица, како да бидеме одговорни граѓани, добри соседи и пријатели на оваа категорија граѓани објаснето е во прирачникот „Како при средба со слепо лице“, кој беше промовиран во државно училиште за деца и младинци оштетен вид „Димитар Влахов“. Прирачникот е изготвен по повод Светскиот ден на видот и Светска недела на служење на видот.

Стефанија има завршено само нижо музичко училиште. Има 17 години и учи во скопското училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Ја одбрала графичка струка зашто и единствена опција. Наставниците и професорите во другите средни и високо образовни институции не се обучени да работат со млади кои имаат оштетен вид.

И нејзиниот другар Филип кој има 14 години, веќе четири години свири храмоника и го има истиот проблем.

Директорот на улилиштето „Димитар Влахов“ вели вклучувањето на нивните учениците во институциите во општеството е процес што тече и за кој треба време. Засега овие млади луѓе имаат три струки кои што можат да ги одберат и завршат.

Како сите ние да им помогнеме на слепите и слабовидите, како да бидеме добри соседи, пријатели, издаден е прирачник чиишто издавачи велат дека е потребно да го има и на интренет за да можеме сите да се едуцираме и да им овозможиме полесно вклучување во сите сфери на општеството. Во Македонија има 2.500 слепи и слабовиди луѓе.

 

Наташа Јанчиќ