Документарецот „Прва македонска трансверзала“ на фестивал во Словачка

13.10.2016 13:45

Овој документарец својата премиера ја имаше на Ехо фестивалот во Скопје, по што се прикажуваше во повеќе градови низ земјава.

Почна претставувањето на документарниот филм „Прва македонска трансверзала“ на интернационални фестивали. Остварувањето во режија и продукција на Горан Вуќиќ и на Кирил Шентевски ќе биде прикажан на 24-от меѓународен фестивал на планински филм, кој ќе се одржи од 12-ти до 16-ти октомври во Словачка.

Овој документарец својата премиера ја имаше на Ехо фестивалот во Скопје, по што се прикажуваше во повеќе градови низ земјава. Ќе учествува и на Македонскиот филмски фестивал што од 22-ри до 23-ти октомври ќе се одржи во Торонто, потоа на фестивалот во Банско и во Непал.

Филмот ја прикажува планинарската транверзала која се протега низ планинските масиви во западниот дел на Македонија и е независна продукција.