Предизборието е шанса за справување со корупцијата

13.10.2016 14:56

Некорумпирана администрација мора да биде цел на секоја демократска држава во која владее правото. Од Европа порака- предизборието е шанса политичарите да преземат активности за справување со кормпираноста во своите редови. Прстот е вперен во судството...

Европа им порача на партиските лидери да се заложат за нулта толеранција спрема корупцијата. Евроамбасадорот во земјава Жбогар говорејќи на завршната конференција на твининг- проектот за борба против корупцијата посочи дека предизборието е одлична шанса политичарите да ја преземат одговорноста да се справат со корумпираните во своите редови.

Амбасадорката на Германија, земјата партнер во проектот, карактеризирајќи ја состојбата во Македонија како длабока и долга политичка криза, прстот го впери во судството и обвинителството. Без обезбедено владеење на правото, рече таа, нема ниту демократија ниту борба против корупцијата.

Првиот човек на антикорупциска, Тантуровски  рече дека Комисијата постапува по сите пријави без исклучок.

Две годишниот проект ги унапредил состојбите во борбата против корупцијата беше оценката на инволвираните, но извештајот на Греко покажа дека земјава се справила со три од вкупно 19 препораки. Најголеми критики има за Собранието, а мало подобрување е констатирано кај судиите и обвинителите.

 

 

Фиљана Кока