Кризна сосотојба на јужната граница до 30 јуни 2017-та
13.10.2016 15:09
Целта според министерот за одбрана Јолевски, е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите на Армијата и на полицијата во функција на обезбедување

За шест месеци е продолжен рокот на кризната состојба на јужната граница поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти. Предлогот доби зелено светло од народните избраници.
Целта според министерот за одбрана Јолевски, е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите на Армијата и на полицијата во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.
ДУИ гласаше против.
