Сајбер криминал

Современите форми на криминал- сѐ поголема закана

13.10.2016 16:01

Современите форми на криминал стануваат се поголема закана за државите во светот. поради тоа полициите треба да гизајакнуваат своите кадровски и технички потенцијали и поинтензивно да соработуваат за да се справат со сајбер и финансискиот криминал. на оваа тема во охрид расправаа полициски експерти од дванаесет држави, членки на селек-центарот со седиште во букурешт.

Како и сите земји во светот и Македонија не е имуна на современите трендови на злоупотреби на компјутерската техника и нејзините можности. Осовременувањето на техничките и кадровските потенцијали не се доволни за справување со овој вид на криминал, без при тоа да се има интензивна соработка, особено помеѓу земјите од регионот.

„Пристапот за да бидеме поефикасни мора да биде на меѓународно ниво, преку хармонизација на легислативата, хармонизација на капацитетите, така и со унапредување на меѓународната соработка“, вели Марјан Стоилковски, началник на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форезника при МВР.

Секторот за компјутерска и дигитална форезника при МВР го користи СЕЛЕК- центарот со седиште во Букурешт како механизам за соработка со другите држави од регионот.

„Секако ќе требаат дополнителни обуки, осовременување што е неизбежна работа, бидеќи кога зборуваме за информатичка технологија, тоа е еден процес кој непрекинато се развива“, смета Оливер Андоновдополнителен заменик министер во МВР.

Во СЕЛЕК-центарот со седиште во Букурешт се вклучени 12 држави. Досегашната меѓусебна соработка постојано бележи унапредување, за што потврда се и неколкуте успешни заеднички акции на полициите.

 

Сашо Нелоски