Хан на средби во Скопје

14.10.2016 08:41

На агендата средби со премиерот Димитриев, со лидерите на четирите политички партии, со специјалната обвинителка Катица Јанева и со преставници на граѓанското општество.

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска ќе престојува во Скопје. На агендата средби со премиерот Димитриев, со лидерите на четирите политички партии, со специјалната обвинителка Катица Јанева и со преставници на граѓанското општество.

Во сооштението од Европската комисија се наведува дека главна цел на посетата е да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, во однос на орагнизирање на предвремените парламентарни избори во декември и спроведување на пакетот итни реформски приоритети.

Вчера, еврокомесарот Хан испрати порака дека е „важно условите за одржување на веродостојни избори да бидат исполнети“.
 
Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток: важно е условите на веродостојни избори да се целосно исполнети и граѓаните да можат слободно да учествуваат на нив, вели комесарот Хан.