Виртуозот Кантуарија и Џош Стоун на Скопски џез фестивал
Добитничката на „Греми“, Џош Стоун, позната како принцеза на соул музиката или Арета Френклин на првите децении од 21 век, првпат доаѓа во Скопје. Се смета за еден од најсилните вокали што ги произведе британската музичка сцена.

Боса - нова испеана на португалски со најдобриот глас, вака Скопскиот џез фестивал (СЏФ) го најавува вечерашниот гостин, бразилскиот гитарист Винисиус Кантуарија.
Во Македонскиот народен театар (МНТ) по Кантуарија настапува полското трио на пијанистот Марцин Василевски со гостинот саксофонист Јоаким Милдер.
Со концерт, пак, на светски популарната британска пејачка Џош Стоун во Денсинг салата на Младинскиот културен центар (МКЦ), СЏФ од вечер ја почнува и полноќната програма.
Добитничката на „Греми“, Џош Стоун, позната како принцеза на соул музиката или Арета Френклин на првите децении од 21 век, првпат доаѓа во Скопје. Се смета за еден од најсилните вокали што ги произведе британската музичка сцена.
Годинашниот 35-ти Скопски џез фестивал почна синоќа, со настап на еден од најиновативните импровизатори на француската џез-сцена, пијанистот Бојан Зулфикарпашиќ (Бојан З.), а по него концерт имаше светскиот виртуоз на гитара Џулијан Лаж со своето трио.
