Брегзит- мотивација на ЕУ за проширувањето
Брегзит ќе предизвика сериозни импликации во повеќе сфери, но и ќе ги заостри критериумите при приемот на новите членки. Словачкиот амбасадор Безак, смета дека се нереални ставовите за наводно рекомпонирање на ЕУ, и тие шпекулации се надвор од политичката реалност.

Процесот на одделување на Велика Британија ќе наметне нови предзивици за земјава на патот кон Унијата, особено од аспект на фискалната политика, даночните реформи, значајни за економскиот развој , сметаат експертите. Тврдат дека иако Брегзит е прашање на Унијата сепак тоа ќе се одрази и на Македонија.
За нијанса пооптимистички тонови доаѓаат од земјата актуелен претседавач со Унијата, Словачка. Амабасадорот Мартин Безак оценува дека излезот на Велика Британија ќе ги опамети останатите членки во однос на приемот на нови членки.
„Брегзит ќе има влијание на политиката на проширување на Унијата, зашто тому Велика Бријатнија беше еден од најсилните поддржувачи на ваквата политика. Од друга страна тоа е причина повеќе државите кои останаа во Унијата, 27 вкупно, како и оние кои претседаваат со Советот на унијата да се посветат повеќе на проширувањето“, изјави амбасадорот Безак.
Во однос на теориите за можно рекомпонирање на Унијата, Безак вели дека тоа е вон политичката реалност. Шпекулации се дека Франција, Германија и уште некои други силни европски земји би излегле од Унијата за да формираат нова, заклучува словачкиот амбасадор во Македонија.
Фиљана Кока
