Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе ги следи изборите во Македонија
Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе ги следи изборите во Македонија на 11 декември. Веќе е избрана и ад-хок комисија, во која се претставени сите политички групи на паневропската асамблеја...

Делегацијата најверојатно ќе ја предводи Стефан Шенах (социјалист од Австрија), кој веќе престојуваше во Македонија на 26 и 27 април во предизоборна мисија, кога беше направена проценка на политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, чиј датум потоа беше поместен за декември.
Во делегацјата на ПССЕ која ќе ги следи изборите се наоѓаат и двата известувачи за Македонија во комисијата за следење на обврските на нашата земја преземени со членството во Советот на Европа, Лиз Кристоферсен (Ноорвешка, социјалистичка група) и Валериу Гилетчи (Молдава, Народни партии). Овие избори сигурно ќе најдат значајно место во извештајот кои ти го прават во рамките на пост-мониторинг дијалогот кој го води ПССЕ со нашата земја.
ПССЕ ја испраќа својата делегација на покана на Претседателот на македонското собрание Трајко Велјаноски.
Делегацијата на ПССЕ која минатата пролет престојуваше во Македонија по враќањето во Стразбур, тогаш, ги повика сите страни целосно да го спроведат договорот од Пржино, кој нуди пат за да ја извлече земјата од кризата и кој на долгореочен план нуди системски решенија. Таа исто така повика да се постигне политички договор за да се обезбеди непречено изборната кампања, за да покаже одговорност и отчетност во намалување на тензиите во општество во интерес на граѓаните, а за доброто на стабилност на земјата.
Тони Гламчевски
