Битолскиот театар по втор пат ќе гостува во Израел
По минатогодишниот успешно гостување, Битолскиот Народен театар по втор пат од 16- 21 октомври ќе настапи на театарските сцени во Израел. Единствената театарска куќа од земјава што досега гостувала во оваа земја, ќе се претстави со претставата „Отело“ во режија на Диего Де Бреја...

Уште еден меѓународен исчекор на Битолскиот народен театар. Третиот за годинава настап надвор од границиве на земјава е на театарските сцени во израелскиот град Ако. Поканата за учество на овој фестивал доаѓа по минатогодишниот успешен настап на култниот „Камери театар“ во Тел Авив. На една од многуте сцени сместени во старото историско јадро на градот Ако, ќе ја одиграат претставата „Отело“ во режија на Диего Де Бреја. Битолскиот ансамбал има и причина повеке за 30 претстава на „Отело“ ја одиграат на високо ниво.
„Засега ние сме единствената театрска куќа од Македонија што гостувала во Израел, се надеваме дека добро работиме на нашата промоција, но и да ги отвориме портите и за колегите од нашите театри за да еден ден да гостуваат и ја почувствуваат атмосферата и топлината на израелската публика“, вели директорот на битолскиот театар Валентин Светозарев.
На шестдневна турнеја, в недела патуваат актерите од средната и помладата генерација. Иако Битолскиот театар има изградено свој меѓунарден имиџ, велат дека сепак овие интернационални настапи овозможуваат да се виде до каде се другите и да се погледнат претстави од истакнати режисери.
„Важно е за да видиш како нештата се толкуваат од другите на друг јазик да видиш до каде се и најпосле тоа е само уште една голема реклама за матичната куќа и државата“, вели младиот актер Никола Пројчевски.
„Ова се фестивали на кои можете да видите претстави кои досега не сте ги имале и да запознаете режисери чии имиња значат во светски рамки“, вели уметничкиот директор Благој Мицевски.
Воспоставената двегодишна соработка се очекува да биде крунисана и со заеднички копродукциски проект. Која ке биде претставата која догодина ќе ја играат битолските и израелските актери ќе биде договорено во текот на идната недела.
Стевче Митревски
