Агрометео: Дождот и студените утра не пречат на земјоделците
Есента дојде, но дождот и пониската температура нема да ги спречи земјоделците во работата, така барем велат и самите фармери. Единственото што може да се измени во овие променливи денови е забавување на дел од работите , освен во овоштарството и лозарството каде што бербата ќе продолжи без проблеми.

Дождот и преголемата влага во почвата некаде ги отежнаа условите за нормалниот тек на есенската сеидба. Само во југоисточните делови од земјава наврнаа од 50 до 80 литри на квадратен метар,но во Пелагонија и Повардарието каде што се најголемите житници врнежи имаше помалку.
Облачното време не дозволи пад на утринските температури под нулат,а со исклучок на површините на повисоките места каде дојдоа и првите мразови.
Најголемиот дел од родот е веќе собран, остануваат само доцните сорти овошки на кои промената на времето нема никакво влијание и можат да се берат и во постудени денови.
Во текот на неделава, променливото време со повеќе сонце ќе им овозможи на земјоделците да продолжат со есенската сеидба и работите на нивите.
Очекуваните температури до 20 степени добро ќе дојдат и за жетвата на пченката и на оризот кој се во тек.
Методија Трајков
