Неонатологијата бележи развој, потребен е стручен кадар
Неонатологијата како една од помладите медицински гранки кај нас посебен акцент во развојот бележи последниве 50 години. Анализите велат дека имаме напредок во битката за намалување на перинаталниот морталитет, но педијатрите и неонаталозите апелираат за постојаниот намален наталитет во некои региони. Се чувствува и дефицит од лекарски кадар...

Неонатологијата или медицинска служба која прва го прифаќа новореденото дете, без разлика дали тоа е здраво или се родило со некој ризик. Во македонското здравство последниве педесетина години има посебен акцент во развојот. Организирана на секундарно и терцијално ниво, сппецијалната нега и 24 часовниот миониторинг, влеваат сигурност и при потешките аномалии.
„Постојаното присуство на лекарите специјалисти ни дава една голема сигурност и дека дома ќе си заминиме со надминување на актуелните проблеми“, вели една од мајките што ја затекнавме на ова одделение.
На кое ниво е развојот на неонатолагијата во една земја се поаѓа од податоците за перинаталниот морталитет и природниот прираст. Со промената на дефиницијата за едно новороденче кое треба да прживее, Македонија има малку повисок перинатален морталитет во одност на светските рамки. Сепак статистиката вели дека во однос на минатото, подобрувањата се драстични како резултат на постојаната едукација на лекарите и работењето по современите протоколи.
„Порано перинаталниот морталитет беше висок, сега има подобрување.Тоа се должи на постојаното присуство на педијатрите, навремена интервенција и постојаното следење на новороденчето“, вели примариус д-р Лилјана Момева од неонаталошкото оделение при битолската Клиничка болница.
„На тие обуки во странските центри научивме многу за неонаталогијата под менторство на врвни експерти. Тогаш само Албанија беше зад нас по смртност, но успеавме наученото добро да го примениме и денеска сликата да биде поинаква“, изјаци началничката на битолското неонаталошко одделение, примариус д-р Мери Џарлиева.
Научните достигниување ќе ги следиме, но загрижува фактот што бројот на новороденчиња во некои региони се намалува, велат лекарите.
„Навистина се намалува и за жал можам да констатирам дека минатата година имавме 1.009 новородени деца, а годинава ќе бидеме под таа бројка“, вели д-р Џарлиева.
Иако опременоста засга е добра, битолските неонталози апелираат да се држи чекор со современата медицинска техника и да се посвети внимание на стручниот кадар, кој барем во битолската Клиничка болница е дефицитарен.
Стевче Митревски
