Одложено судското рочиште за „Дива населба“

17.10.2016 13:13

Судењето за овој предмет, како што велат од Кривичниот суд, според однапред определените термини продолжува на 3 ноември...

Судското рочиште за предметот „Дива населба“ денеска е одолжено поради службено патување на овластениот обвинител од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува во соопштението од скопскиот Кривичен суд.

Заради зголемен интерес на медиумите и невладините организации околу предметот кој се води во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поврзан со настаните од кумановската Дива населба, ја информираме јавноста дека главната расправа по овој предмет закажана за 18 и 20 октомври 2016 година се одлага по добиено известие за службено патување на овластениот обвинител од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, стои во соопштението.

Судењето за овој предмет, како што велат од Кривичниот суд, според однапред определените термини продолжува на 3 ноември 2016 година во 10:00 часот во големата сала на Врховниот суд на Република Македонија.