Собрание: Почна расправата за дополнетиот предлог- буџет за 2017-та
Расправата за буџетот може да трае најмногу пет дена. Со предложената државна каса, вкупните приходи се очекува да бидат 3 милијарди евра, а буџетските расходи 3,3 милијарди.

Во Собранието на Република Македонија почна расправата по дополнетиот предлог- буџет за 2017-та година. Пред пратениците предлогот го образложува министерот за финансии Кирил Миноски.
Расправата за буџетот може да трае најмногу пет дена. Со предложената државна каса, вкупните приходи се очекува да бидат 3 милијарди евра, а буџетските расходи 3,3 милијарди.
Буџетскиот дефицит е проектиран на 3 проценти од БДП, колку што се очекува да биде и економскиот раст. Во проектираниот буџет за в година се ставени и повеќе пари за капитални инвестиции.
На дневен ред се и двете иницијативи за распуштање на Парламентот, поднесени од Павле Трајанов и од СДСМ, и од коалициските партнери. Во образложението на иницијативите за распуштање на Собранието пак, се нагласува дека четирите најголеми политички партии постигнаа договор за начините и условите за надминување на политичката криза.
Според договорот од 31-ви август, изборите треба да се одржат на 11-ти декември.
