СДСМ: Собранието веднаш се распушти
17.10.2016 13:23
Како што изјави Шилегов, владејачкото мнозинство повторно покажува дека не сакаат избори на 11-ти декември и прават сѐ да го одложат распуштањето на Собранието...

Пратеничката група на СДСМ побара Собранието да се распушти денеска и веднаш, и да нема дополнувања со нови закони. Како што изјави Шилегов, владејачкото мнозинство повторно покажува дека не сакаат избори на 11-ти декември и прават сѐ да го одложат распуштањето на Собранието, со предлог закони што токму денеска се доставени.
Според Шилегов, без оглед на собраниските ујдурми, како што наведе, фер, слободни и демократски изброи ќе се случат на 11-ти декември.
