Никола Ивановски- нов претседател на Уставниот суд

17.10.2016 14:13

Ивановски, кој ќе ја наследи Елена Гошева, денеска на колегиум на Судот е избран со двотретинско мнозинство.

Нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија е Никола Ивановски. Неговиот мандат почнува на 1-ви ноември 2016 година.

Ивановски, кој ќе ја наследи Елена Гошева, денеска на колегиум на Судот е избран со двотретинско мнозинство, а за уставен судија е избран во 2012-та година.