Собранието го донесе Буџетот за 2017-та година

17.10.2016 14:47

Со предложената државна каса, вкупните приходи се очекува да бидат 3 милијарди евра, а буџетските расходи 3,3 милијарди. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3 проценти од БДП, колку што се очекува да биде и економскиот раст. Во проектираниот буџет за в година се ставени и повеќе пари за капитални инвестиции.

Собранието на Република Македонија со 72 гласови „за“ и 37 „против“ денеска го донесе Буџетот на Република Македонија за 2017-та година. Опозицијата гласаше против.

Со предложената државна каса, вкупните приходи се очекува да бидат 3 милијарди евра, а буџетските расходи 3,3 милијарди. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3 проценти од БДП, колку што се очекува да биде и економскиот раст. Во проектираниот буџет за в година се ставени и повеќе пари за капитални инвестиции.

Предлогот го образложи министерот за финансии Кирил Миноски кој рече дека главен приоритет на овој стратешки  документ е поддршка на приватниот сектор и дека со него се обезбедува редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.