Собранието пред распуштање

17.10.2016 16:24

Буџетот експресно донесен, набрзина поминати уште неколку нови точки на дневен ред и започна дискусијата по предлогот за распуштање на Парламентот...

Покрај буџетот последната предвидена пленарна седница беше надополнета со уште четири точки, за што негодуваше опозицијата. Сметаа дека Собранието треба веднаш да се распушти, а со дополнувањата се изместувало договореното.

ДПА по скратена постапка предложи, но мнозинството не прифати да се измени изборниот законик по скратена постапка. Меѓу останатото, од ДПА побраа прагот на гласачи да не минува повеќе или помалку од еден процент.

ДУИ гласаше „за“ измените во Изборниот законик да бидат на дневен ред, но против гласаа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Повторно и Павле Трајанов се обиде да ги вметне точките за СЈО на денешната седница, но не доби согласност од мнозинството. Шест пратеници повеќе беа доволни да не се разгледуваат измените за Специјалното обвинителство.

Изгласувањето на буџетот, но и останатите неколку економски точки значи дека следува гласање за распуштање на Собранието.

 

Миле Ристески