Ивановски- нов претседател на Уставниот суд
Нов претседател на Уставниот суд е Никола Ивановски, соопштија од Уставниот суд. На седница на Судот, Ивановски е избран со двотретинско мнозинство.

Мандатот на Никола Ивановски почнува на први ноември, а ќе трае три години, без право на реизбор. За уставен судија е избран во 2012 година. На оваа позиција доаѓа на местото на Елена Гошева, која го продолжува мандатот како уставен судија во следните пет години.
56-годишниот Ивановски дипломирал на Правниот факултет во Битола во 1983 година, а правосудниот испит го положил во 1985 година. Работел прво како приправник, а потоа како стручен соработник во Окружниот стопански суд - Скопје. Осум години бил истражен и извршен судија во Основниот суд Скопје 1. Вршел самостојна адвокатска дејност во Скопје. Во Основниот суд Скопје 1, девет години поминал како кривичен судија, а во август 2008 година бил избран за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран во 2012-та година. Еден од предизвиците со кои ќе се соочи е оценување на уставноста на СЈО, точка која досега не се најде на дневен пред оваа висока судска институција.
Инаку, Советот на јавните обвинители има нов член. Во Собранието свечена заклетва даде Владе Богданоски. Во неговата биграфија стои дека до 2006 десет години работел како адвокат, по што е избран на функцијата државен правобранител за подрачјето на главниот град од каде што доаѓа на новата позиција.
Игор Панов
