МВР и синдикатот се договорија за измена на колективниот договор
Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат се договорија за промена на колективниот договор. Службениците кои 24 часа без престан ќе престојуваат во одредени издвоени објекти на МВР, како на пример Граничната полиција, ќе имаат три слободни дена, наместо еден како досега. Од Синдикатот рекоа дека решението е позитивно, на далеку од идеално...

Полицајците кои работат во издвоени објекти, по 12 часовна работа ќе имаат 12 часа платен одмор и три сободни денови. Ова е регулирано со Анекс на Колективниот договор, кој денеска го потпиушаа Македонскиот полициски синдикат и министерот за внатрешни работи.
„По извршената анализа заедно со нив, самите дадоа предлог решение, кое го преточивме во предлог за измени и дополнување на Колективниот договор, го доставивме до министерството и сега сме сведоци на измените“, изјави Тихомир Климовски, претседател на Македонскиот полициски синдикат.
Најважно од сѐ е да имаме мотивирани полицајци кои што ќе може професионално да си ги вршат работите. Се почитуваат и правата на работниците.
„Со новиот договор работата е организирана во времетраење од 12 часа редовна работа и 12 часа платен одмор на работникот во објектот, а за секој 24 непрекинат престој му следуваат три слободни дена. Ова решение беше доставено за мислење до Министерството за труд и социјална политика со цел да биде согласно прописите, за што е добиено позитивно мислење, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Досега овие полициски службеници за 12 часовна редовна работа , одмарале 12 часа во објектот кој не и биле сметани и имале само еден слободен ден. Овие објекти во кои полицајците ги извршуваат своите должности се наоѓаат на недовоилно пристапни терени и во планините.
Наташа Гркова- Петрушевска
