Вељаноски денеска ќе ги распише предвремените парламентарни избори

18.10.2016 09:56

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска напладне треба да го потпише решението за распишување предвремени парламентарни избори...

По вчерашнето распуштање на Собранието, претседателот Трајко Вељаноски денеска напладне треба да го потпише решението за распишување предвремени избори за пратеници на Република Македонија.

Вељаноски претходно ќе има средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.

Ова е трето распуштање на парламентот во двегодишната политичка криза по што со изборите се очекува нејзино надминување и остварување на ургентните реформски приоритети според агендата на ЕУ.