Јолевски на министерски состанок на земјите од СЕДМ во Рим

18.10.2016 09:43

Министерот за одбрана ќе има обраќање на главната сесија на којашто ќе присуствуваат над 20 претставници, меѓу кои и министрите за одбрана на Италија, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Црна Гора.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во италијанската престолнина ќе присуствува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Тој ќе има обраќање на главната сесија на којашто ќе присуствуваат над 20 претставници, меѓу кои и министрите за одбрана на Италија, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Црна Гора.

Процесот, создаден пред 10 години ја јакне воено-политичката соработка во регионот и ги подобрува стабилноста и безбедноста на Југоисточна Европа.