Денот на Македонската револуционерна борба неработен за сите граѓани

19.10.2016 10:50

23 Октомври (недела), односно 24 октомври 2016 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври (недела), односно 24 октомври 2016 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат Денот на Македонската револуционерна борба.